
Неконтролирано бегаат жителите на Долнени и Пласница, каде има дојденци од Италија
Од денеска па во следните три дена сообраќајната полиција ќе врши контрола на протокот на возилата кои влегуваат во Прилеп од Македонски Брод и од Крушево. Ваква превентивна мерка донесе Регионалниот кризен штаб по информациите дека голем број жители од соседните општини кои биле на привремена работат во високоризични земји, сега се враќаат дома
- Имаме проблем со неконтролирано доаѓање на граѓани од соседните општини, пред се од Долнени и Пласница, каде има лица кои допатувале од Италија. За да ги превенираме евентуалните последици, дадовме предлог до сообраќајната полиција, во сабота, недела и понеделник, да врши контрола на граѓаните кои пристигнале од високоризичните земји, а кои овие денови ќе доаѓаат во нашиот град, рече градоначалникот на Приеп, Илија Јовановски
Од Регионалниот кризен штаб упатија апел сите оние кои доаѓаат од високоризчни земји да останат во самоизлоција и да се јават во Центарот за јавно здравје. Жителите од соседните општини кои денеска доаѓаа во Прилеп потврдуваат дека има нашинци кои се враќаат од западноевропските земји, но велат не се во голем број.
-Кај нас има двајаца, брат ми беше во Германија и уште еден друг, рече жител на Браилов
-Од Дебрешете доаѓам, одам во градот, здарв сум, добар сум, рече еден жител на Дебрешете кој ја помина соообраќајната контрола.
Од прилепската болница велат дека ги преземаат сите мерки и се целосно подготвени, иако засега нема ниту еден позитивен случај на коронавирус. Кафулињата, рестораните, обложувалницте во Прилеп после 18 часот главно ги почитуваат мерките и препораките од Владата.
Емилија Мисирлиевска