Телма дознава: 5 милиони евра за македонските компании за кризата од корона вирусот

Сума од 5 милиони евра преку Развојна банка на Северна Македонија најверојатно ќе биде ставена на располагање на компаниите, како една од брзите мерки за справување со кризата од корона вирусот, дознава „Телма“. Идејата е компаниите од најпогодените сектори да имаат пристап до кредити не поголеми од 50 илјади евра, со симболична каматна стапка. Сепак, со оглед дека земјата е во предизборие се бараат начини како да се овозможи реализација на мерката, со оглед дека се зависи од ставот на Антикорупциската комисија.

Од Антикорупциска, пак за „Телма“ излегоа со став дека кои било мерки кои би ги донела Владата за надминување на настанатата штета нема да се незаконски.

„Мерките кои Владата ги донесе поради состојбата предизвикана од корона вирусот не треба да се поврзуваат со изборниот процес. Во ваква состојба приоритет мора да биде заштитата на јавното здравје што е Уставна категорија. Сите мерки кои Владата ќе ги преземе понатаму, за надминување  на настанатата штета не се во спротивност со Изборниот законик – изјави за „Телма“ Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

И техничкиот премиер Спасовски е категоричен- се што треба ќес епреземе без разлика што сме во предизборна ситуација

  • Ние веќе работиме интензивно подготвуваме мерки, подготвуваме се што е потребно. Точно е  дека имаме на располагање финасиски средства во Буџетот затоа рековме дека се ликвидни. Во моментот кога ќе се процени дека на одредена категорија стопанственици да се помогне да се излезе во пресрет тоа ќе го направиме. И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено во овој момент ќе биде преземено без разлика што сме во предизборна ситуација.- изјави Спасовски.

Дека Владата е подготвува три сценарија за справување со последиците врз економијата од корона вирусот, вчера во „Топ Тема“ потврди вицепремиерката Царовска.

  • Тоа се дел одложувања на придонеси на даноци, одредени ефтини кредитирања кои што можат да обезбедат ликвидност, брзо надминување на состојбата. Но она сценарио трето кое што го зборуваме дека на пошироката економија цела ова ќе има импликации тоа ќе го очекуваме во втората половина од годината. Април месец би бил првиот инструмент, а понатаму би зборувале за одредени законски измени кои што ќе значат одлагање на одредени и придонеси, со даноците. Кга ќе дојде потреба од тоа мислам дека никој нема да размислува собранието дали треба или не треба да се собере.- изјави Царовска.

Универзитетските професори пак со дилеми дали треба да се чека април за да се санираат штетите во погодените сектори во економијата.

  • Она што би сакала за брзината на реакција на владата. Јас би кажал вака. Едно научивме од големата криза 2007/2008 година. Колку побрзо реагираме толку ќе бидат помали последиците и толку побрзо ќе излеземе и ќе се справиме со определан економска криза.- изјави Треновски.

 – Она за што не е рано е да знаеме какви мерки ни стојат на располагање. Како што кажав и на почетокот да имаме контингентен план. Такво нешто ни е потребно во  моментов од страната на Владата, не толку од страната од Централната банка, затоа што првиот евентуален, потенцијален удар врз економијата рековме ќе биде во делот на ликвидноста – вели Петрески.

Стопанските комори деновиве на големо алармираа дека на стопанството му е потребна брза реакција за да не стават клуч на компании и да не дојде до отпуштања на вработени.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ