Спасовски: Жителите на Дебар и Центар Жупа ги почитуваат препораките

Жителите на Дебар и Центар Жупа ги почитуваат препораките за органичено движење, првиот ден од нивниот карантин помина мирно, информираше премиерот Оливер Спасовски.

-Сите граѓани се со мислите и срцата со граѓаните од Дебар и Центар Жупа. Сите институции и вработените, ги организираат сите мерки од Акцискиот план и се на терен. Првата ноќ минала мирно, без инциденти и без движење, тоа е добро. Најважно е граѓаните на таков начин да го дадат својот придонес, рече Спасовски.

Тој појасни дека е формиран кризен штаб кој презема мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, по што им се обрати на овие жители.

-Бидете уверени дека е ова најдоброто решение кое најбрзо ќе даде резултати. Ве замолувам да нема паника. Заедно со вашите први луѓе, градочалниците, во општината ќе ги добиете најдобрите здравствени мерки. Ќе функционираат продавниците, бензиските, аптеките. банките и поштите ќе работат со скратено работно време, рече Спасовски, појаснувајќи дека кризната состојба ќе трае 30 дена.

Спасовски појасни дека овие жители ќе можат да ги напуштат општините само доколку нивната состојба е животнозагрижувачка.

-Тогаш итно ќе бидат транспортирани со возила на Брза Помош, рече Спасовски,

Премиерот додаде и дека е зголемена контролата на границите при влез на македонските државјани од ризичните земји, а е забранет влез на странски државјани од високо ризичните земји.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ