Пендаровски ги ангажираше армиските сили за поддршка на полицијата во обезбедување на границата со Албанија во општина Дебар

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на aрмиските сили за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и на полицијата во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

“Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на Корона вирусот COVID-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа. Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба” –се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Оваа одлука ќе важи до 11-ти април.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ