Вести Владата подготвува три сценарија за справување со последиците врз економијата од корона вирусот
Се подготвуваат три сценарија за справување со последиците врз економијата од корона вирусот.
Наскоро ќе бидат објавени, а на сила ќе стапат најверојатно следниот месец, вели вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.
Вечерва во Топ Тема таа кажа дека една од мерките кои ќе се понудат е одложено плаќање на обврските на компаниите, а ќе се препорача да го реорганизираат работното време во смени.



