
Материјалните докази на Катица Јанева презентирани во „Рекет“
10 минути од емисијата на 1 ТВ на која поранешните колешки од СЈО, сега едната обвинета а другата сведок, Катица Јанева и Лиле Стефанова говорат за промената на мерката притвор во домашен притвор за Орце Камчев, Мијалков и другите осомничени беше презентирана во судница како еден од докази на одбраната на Јанева
Адвокатскиот тим докажуваше и дека телефонот I phone кој бил одземен од Јанева бил на нејзината сестра која го добила на наградна игра од една банка. Анкетниот лист на Јанева го приложиле за да покажат дека имотната состојба не и се зголемила. Банкарските сметки за да се види дека земала плата од СЈО и имала уплата од владата за учество во Советот за реформи. Меѓу доказите се најдоа и соопштението на Врховен за донесено начелното правно мислење за СЈО и одлуката за нејзино разрешување. Адвокатите приложија и документ дека било платено лекувањето на таткото на Јанева во Систина што Ана Камчева го спомнува на снимките Ла Верита.
Но новинарите видоа само мал дел од доказите на Јанева. Најголемиот дел кои се однесуваат на документи од предметот „Империја“ во која осомничен е Камчев, јавноста беше исклучена поради тајност на истрагата. Јанева ги предлага за да ги увери судиите дека во истрагата за „Имерија“ постапувала законски како обвинител како и во сите други предмети без влијание од никого. На 23-ти март „Рекет“ продолжува со сведочења на поранешни обвинители во СЈО предложени од Јанева.
Елена Ивановска Мукоска