И покрај владините мерки, дел од детските паркови денеска беа преполни

Воспитно-образовниот процес и наставата во сите градинки и училишта втор ден се замрзнати. Парковите и детските игралишта денес сепак се полни. Иако властите препорачаа да се седи дома и мерките секојдневно се поригорозни, граѓаните не се сигурни дека опасност од коронавирус постои онаму каде што има лулашки.

Јас сум дошла на работа, работам со дете, не се плашам, сум излегла ете како сите. Од што да се плашам? Родителите ми дозволуваат, ако не ми дозволуваат јас не го изнесувам. Сите деца се тука.

Екипата на Телма денес освен по парковите и детските игралишта направи обиколка и на дел од автобуските постојки. Од денес автобусите на ЈСП кои возат со изменет и редуциран возен ред кој инаку е со важност кога децата се на зимски или на летен распуст. Она што беше повпечатливо на терен е дека ги нема вообичаените турканици на пензионерите, за кои е укинат бесплатниот превоз според новите препораки на Владата.

Ги нема старите. Оној што мора да оди и да излезе за некоја работа – излегува. Инаку прилично е намалено. Јас одам на работа, ако сум стар.

Колку менаџментот на фирмите и претпријатијата се придржува до препораките на властите, е друго прашање кое деновиве е актуелно во јавноста. Дел од нив бараат да се изнајде решение како ќе ги надополнат загубите.

За жал, 90% од производствениот процес во приватните фирми не можеме да го одложиме. Навистина не гледам начин таа загуба да си ја покријам. Значи ќе морам да ризикувам, да не се придржувам до тие мерки што ги препорачаа и да се најде некое решение во самиот момент, ни изјави Љупчо Николов менаџер на приватна фирма.

Од денес надлежните се фокусираат на нови поригорозни мерки.

Угостителите за денес веќе имаат резервации на масите во своите објекти, но очекуваат подетални информации од властите – како ќе работат во следните денови.

Од Државниот пазарен инспекторат за Телма информираат дека будно ја следат состојбата на терен и секојдневно комуницираат со министерот за здравство за да му дадат информации дали има аптеки и продавници коишто се обидуваат да профитираат во време на криза кога е зголемена побарувачката.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ