Боки 13 ставал илјадници фотографии на инстаграм, сега се докази во „Рекет“

Ова е фотографијата на која Боки 13 посебно се сеќава. Закачена е на неговиот официјален инстаграм профил на 8 август 2013 та, денот кој е роденден на мајка му на Бојан Јовановски. Но побитно за него денеска во судницата од каде што се брани во случајот „Рекет“, беше да образложи што носел на себе и со себе. Луј Витон ташна и Луј Витон ремен, а на главата имал панама шешир. Истите сега се во депото на агенцијата за одземен имот како дел од доказите на обвинителството.

Но не само една туку вкупно 1.600 фотографии закачени на оваа социјална мрежа во периодот од 13-та до 19-та ги образложуваше во судницата. Илјадници фармерки, кошули, чанти, шапки, ремени, очила, капути, еден по еден ги кажуваше од кој светски бренд се. Дел од нив се и уникатни парчиња на Луј Витон, Долче и Габана,Реј-Бан, Версаче. Раскажуваше и каде се ги носел, на кои настани од кои датуми.

На овој начин одбраната го спори обвинението во кое конфискуваните 70 тина вреќи со алишта, накит и чанти од домот на Бојан Јовановски се доказ дека парите кој наводно ги земал од бизнисменот Орце Камчев ги трошел на скапа гардероба и прикривал данок.

Инаку адвокатот најави дека мобилниот телефон на Јовановски ќе биде уште еден доказ. Содржините од него се на УСБ и доколку е целосната содржина од телефонот, уесбето ќе биде доказ во случајот. Во „Рекет“ освен Јовановски, обвинета е и екс специјалната обвинителка Катица Јанева, која по завршувањето на доказите на Боки ќе ги повика своите сведоци. На листата и се речиси сите обвинители од поранешното СЈО, но тројца бара да сведочат без јавност бидејќи ќе зборувале за активни истраги на обвинителството.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ