Премините „Прохор Пчински“ и „Рибарци“ затворени за патници и возила

Од изутрината во седум часот се затворени граничните премини Прохор Пчински и Рибарци согласно насоките од Владата на Србија за состојбата со коронавирусот, поради што возилата и патниците од нашите граничните премини што сообраќаат таму ќе бидат пренасочени.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, сите патници и возила од преминот Пелинце ќе се пренасочуваат на граничен премин Табановце-Прешево, а тие од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ