
Завршува рокот за пријавување кандидати
Вечерва на полноќ истекува рокот за доставување кандидатски листи. До пладне, во ДИК се пристигнати листите од четири партии: од Работничката партија, од ГДУ, од ГЛАС и од Демократи. ДИК има организирано дежурства на службите кои ги очекуваат листите на СДСМ и БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса и Алтернатива, на ДПА, на Интегра и на другите учесници во изборите.
Синоќа во 24 часот истече рокот за пријавување на нашите иселеници и привремено вработени во странство. За гласање се пријавени над 7 илјади 500 лица. Сите пријави се проверуваат и обработуваат, се очекува да пристигнат и пријавите во хартиена форма во Дипломатско-конзуларните претставништва, по што, ДИК ќе излесе со официјалната бројка. За да се организира гласање во дијаспората, потребно е да има најмалку 6 илјади 540 валидни пријави. Најголем интерес за гласање има во Венеција, Берн и Мелбурн.
Од ДИК информираат дека постапуваат по препораките на Владата заради намалување на ризиците од корона-вирусот. Сите обуки на изборните комисии и на избирачките одбори од вчера се прекинати. Од членство во изборните органи се ослободуваат сите лекари и целиот медицинскиот персонал и се заменуваат со други членови од јавната администрација.