
ВМРО-ДПМНЕ ги промовираше кандидатите за пратеници
Гордана Сиљановска Давкова, Владо Мисајловски, Игор Јанушев, Александар Николовски, Игор Дурловски и Дафина Стојановска ќе ги предводат кандидатските листи во шесте изборни единици. Давкова вети дека со својата работа ќе се води од правото, правдата и моралот. Време е за револуција и нови умови. Мисајловски очекува тешка битка во втората изборна единица затоа што на терен ќе се сретне со техничкиот премиер Спасовски. Јанушев вети напредок и обнова, Николовски соочување со Заев, Стојановска повеќе права за жените, а Дурловски враќање на достоинството.
Лидерот на партијата Христијан Мицксоки не штедеше зборови за политичкиот противник Зоран Заев. Му порача дека ќе одговара за криминал, а на 12 април ќе замине во историјата.
Кандидатските листи ќе бидат доставени до ДИК во текот на утрешниот ден.
Јулијана Пешевска