НБРМ: Макроекономските показатели се на ниво на очекувањата

Народната банка внимателно го следи драстичниот пад на цената на нафтата, берзанските индекси како и вредноста на американскиот долар во однос на еврото и соодветно на тоа ќе се креираат идните чекори.

Засега од НБРМ информираат дека макроекономските показатели се на ниво на очекувањата.

“Неизвесноста околу идните мерки на развиените економии, како и големата променливост на меѓународните финансиски пазари и во следниот период активно ќе се следат со цел адекватна оценка на нивните ефекти врз домашната економија и потребата за преземање на евентуални мерки“, велат од Народна банка.

Стопанството во земјава алаира дека им е потребна поголема поддршка.

Апелираме да се најде начин како да сее овозможи на сите компании како да се одржат особено оние кои имаат извозна компонента односно да имаат извоз и да го згоелмат БДП затоа што се извозно ориентирани “ – тврди Данела Арсовска од сојузот на стопанските комори.

„Потребни се даночни олеснувања, намалување на социјалните придонеси и на персоналниот данок. Во однос на можната рецесија, мислам дека е на праг пред глобалните економии. Најглавните берзански производи вртоглаво паѓаат бидејќи глобалбата потрошувачката е намалена. Тоа ќе се рефлектира по некое време и кај нас бидејќи и кај нас светката економска криза се рефлектираше после некое време. “ – вели Миле Бошков од конфередацијата на работодавачите.

Претседателката на Европска централна банка, Кристин Лагард ги предупреди европските лидери дека влијанието на новиот коронавирус врз економијата може да биде ист како финансиската криза во 2008 година.

Според извори од кабинетот на Лагард, претседателката одржала состанок со европските лидери, на кој ги известила дека мора брзо да реагираат на новата ситуација, јави Блумберг.

Банката на Англија денеска направи неочекуван потег, со тоа што ја намали референтната каматна стапка за половина процент, од 0.75 на 0.25 отсто, што претставува најрадикално намалување од март 2009 година.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ