Со патроли против корона вирусот-полицијата нема доволно службеници за директно чување на изолираните

За полицајците нема ослободувања предвидени со анти-корона мерките, а во новите задачи спаѓа и контрола и надзор врз оние кои се во самоизолација.

Нема доволен број на полицајци за таа задача, па се креира нова тактика.

За патници кои доаѓаат од ризичните земји како што се Италија, Шпанија, Франција, Кина, Германија влез во државата е дозволен само преку 5 гранични премини Богородица кон Грција, Табановце кон Србија, Блаце кон Косово, Деве Баир кон Бугарија и Ќафасан кон Албанија како и преку двата аеродроми во Скопје и Охрид.

Полицајците таму со заштитна опрема треба да ги проверат патниците и сите кои ќе се пријават дека доаѓаат од ризичните земји ги препраќаат на здравствените институции.

Само на Табановце и Деве Баир имаат помош од волонтери на Црвениот крст. Доколку патниците кријат податоците за ризични патувања, полицаецот е тој кој што треба да го разоткрие тоа.

Со маски и со заштитна опрема, полициски се проверуваат и илегални мигранти и бегалци фатени во државата со кои се работи согласно насоките на Институтот за јавно здравје.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ