
Негативен е тестот кај 16 годишната девојка тестирана за корона вирус
16 годишната девојка која беше тестирана не е заболена со корона вирус.
Таа била во краток контакт како пациентка со директорката на Кожната клиника Нина Цаца Билјановска.
Тестирани се уште две лица но и кај нив резултатите се негативни. Бројот на заразени лица со корона вирус останува на седум , брифираат од Владата.
Според истиот извор, не можат да отсуствуваат од работа лица кои се од здравството, полицијата,војска, пожарникари како витални институции.
Од работа се препорачува да отсуствуваат и бремени жени и хронично болни а родителите на децата со посебни потреби поради затварање на дневните центри можат да отсуствуваат од работа и доколку детето има над десет години.
Приватните компании ке можат да го уредат отсуството на вработените со интерни правилници за кои препорака би дала и владата, а платата во приватните компании за отсутните заради препорачаните мерки од владата ќе биде на товар на приватната компанија односно работодавецот. Работодавецот може да проверува и дали доколу неговиот вработен земе отуство заради мерките на владата другиот родител оди на работа- најавија од Владата.
Согласно законот за образование ке се одлучи дали наставата ќе биде продолжена на крајот на годината или ќе се работи според скратена работна наставна програма.
Вработените во секторот образование би оделе на работа зависно од потребите на образовната институција.
Според информациите од Владата набавени се 1000 тестови за откривање на корона вирусот а досега се потрошени 40.
Има 200 апарати за респираторно дишење а би се оспособиле и повеќе.
Туристичките агенции се уште не дале точна бројка на туристи кои деновиве заминуавле во Италија и се вратиле од таму.
Владата ќе ја следи епидемиолошката состојба и од тоа ќе зависи дали и кога ке се менуваат мерките.
Владата апелира за совесност на граѓаните во почитувањето на препорачаните мерки.