
Короната го преполови Берлинскиот процес во Скопје
Короната го преполови Берлинскиот процес. Министерскиот состанок кој попладнево започна во Скопје остане со празни столчиња на германскиот мнинистер за надворешни работи, италијанскиот шеф на дипломатијата, како и заменик-генералниот секретар во француското МНР.
Во пресрет на состанокот шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захаривеа, зборувајќи за европската иднина на Западниот Балкан утрово на панел дискусија рече дека проблем на земјите од регионот е што се премногу фокусирани на минатото и и оти треба повеќе да се фокусираат на иднината.
– Сите шест земји од Западниот Балкан декларираа, политичките лидерства декларираа, дека нивен главен приоритет е да бидат дел од ЕУ. Но вистината е дека не треба да останат само на зборови. Да се биде дел од ЕУ значи всушност понекогаш, не да се заборави, туку да работиш за заеднички интерес, а не на прво место да мислиш на националниот интерес рече Екатерина Захариева, министер за надворшени работи на Бугарија.
Шефот на македонската дипломатија пак смета дека Унијата треба да ги охрабри земјите од регионот со старт на преговори со Македонија и Албанија според кого мотивот на ЕУ треба да биде и геополитички.
-„Сметам дека имаме екстремно силен случај и ќе бдие многу тешко да се каже не. Кажување не во суштина ја поткопува довербата во Европа во регионот и нејзиното влијание. Кредибилитетот и влијанието“, рече Никола Димитров, министер за надворшенни работи на Македонија.
Пофалба пак дека Македонија покажала вистинки капацитет да биде одговорен член на ЕУ, стигна од директорката за Југоисточна Европа во германското МНР, Сузан Шулц, според која решевањето на спорот за името бил многу храбар потег, а таа очекува датум во март и за Макеоднија и за Албанија.
-„Но ако се вратиме на владеењето, се уште има скептици и ќе мора да ги убедиме скептичните и меѓу земјите-членки дека земјите од Западниот Балкан ќе бидат во можност до крај да ги завршат реформите во владеењето на правото и да ги исполнат критериумите и прописите на ЕУ, исто и во борбата со корупцијата и организираниот криминал“, изјави Сузан Шулц, директорк за Југоисточна Европа во МНР на Германија.
Инаку министерскиот состанок на Берлинскиот процес освен за регионалната соработка и европските перспективи на Западниот Балкан треба да го разгледа и идниот формат на Берлинскиот процес, со можност во него да се вклучи и Европската комисија.
Тамара Грнчароска