
Коронавирусот нема да ја одмине ниту бизнис-заедницата во Македонија
Коронавирусот не е предизвик само за здравствениот систем. Економијата се соочува со големи предизвици и бизнис-заедницата во Македонија нема да биде одмината од последиците на заразата, кој секојдневно се шири насекаде. Речиси целиот извоз од земјава завршува во земјите од Европската унија, а од Стопанската комора најзагрижени се токму заради проширувањето на вирусот во партнерските земји.
Нас не загрижува проширувањето на тоа спрема нашите партнери коишто се како земји, бидејќи 80% од производството и од извозот ни оди во земјите на Европската унија и тука би имале сериозни потешкотии. Треба да сфатиме дека економијата е подложна на такви импакти и удари од страна, од сите сегменти во општеството и тоа е мерливо и се одразува директно на платно-билансната позиција на компаниите. Значи ова се што го работиме ќе биде со нула избришано, кажа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
Дури и во земјите каде што не е регистриран ниту еден заболен од коронавирус, се чувствуваат последици по државниот буџет. Во Црна Гора се откажуваат најавените пристигнувања на туристи и голем број крузери.
Откажани се влезовите на крузерите во нашите пристаништа. За оваа година беа договорени влезови на 550 крузери со повеќе од 700 илјади патници. Во следниот месец нема да има влезови на крузери и тоа е огромна економска штета, изјави Властимир Голубовиќ, претседател на Стопанската комора на Македонија
Губат националните економии, а во оваа голема криза губат и најголемите светски моќници. Поради падот на светските берзи најбохатите луѓе во светот, првите десет милијардери вчера изгубиле 38 милијарди долари поради коронавирусот. Експертите вчерашниот ден го оценија како – „Црн понеделник“, но веќе денеска покажуваа благ раст.
Петар Догов