Захариева: Новата методологија не треба да се користи за повторно одложување на преговорите

Се уште неусвоената нова методологија за проширување на ЕУ не треба да се користи како оправдување за ново одложување на одлуката за старт на преговорите со Македонија и Албанија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Шефицата на бугарската дипломатија, која претпладнево присуствуваше на почетокот на проектот „Иднина без пластика“ во ОУ „Димитар Миладинов“ Скопје, појасни дека постои процедура во Европската комисија во однос на новата методологија, која се разгледува и во работни групи, по што оди на усвојување во Советот на ЕУ.

Уште минатата година кога беше предложено да се изработи нова методологија беше кажано дека тоа не треба да го стопира прцесот на проширување, уште повеќе дека новата методологија може да се применува и за земјите кои веќе го почнаа преговарачкиот процес. Се надевам дека усогласувањето и усвојувањето на методологија ќе се случи што е можно побрзо, но тоа не треба да се користи како аргумент за повторно одложување на одлуките за почеток на преговорите, истакна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Таа денеска во Скопје ќе учествува на министерскиот состанок, со кој ќе биде означен почетокот на заедничкото претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ