Уште три нови случаи на корона вирус во Македонија

Потврдени се уште три случаи на корона вирус во Македонија. Министерството за здравството соопшти дека се позитивни резултатите на тројца членови на семејството на сопружниците од Дебар, кај кои претходно беше потврден корона вирусот.

Од осумте тестирани пациенти на корона вирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни  на коронавирусот.

Позитивните пациенти, од петокот, шести март, беа во домашна изолација со решение за здравствениот инспекторат, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на инфективната клиника во Скопје.

На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред три дена се вратил во Македонија, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ