Поради заразената докторка, во изолација околу 200-те луѓе

На Фејсбук  пријавила дека е на скијање во Италија, но не и пред здравствените власти. Директорката на дерматологија, наместо да се стави во изолација веднаш по враќањето од Доломити,  се вратила на работа и слободно шетала меѓу пацинетите и колегите. Пет дена подоцна, тестовите покажале дека е позитивна на корона-вирусот. Не прегледувала пацинти во амбуланта, но, во саботата пред 100-тина колеги одржала стручно предавање за маланоми во познат скопски ресторан. Тројца од нив се лекари од Грција. Несовесното однесување на Билјановска го затвори дерсматолошкиот оддел и преку 200 луѓе стави во домашна изолација, нејзините колеги на работа, нивните семсјтва и сите гости на симпозиумот.

Министерот Филипче смирува, вели, на епидемиолозите им се познати сите со кои директорката на дерматологија контактирала изминатиот период. Потенцираше дека и неговата колешка ќе одговара како и сите останати за нејзиното несовесно однесување и кршењето на здравствените препораки,но не откри за каква одговорност станува збор, ниту пак кажа, дали времено ќе ја суспендира од работното место.

Ризичното однесување на поединци во ек на зараза е регулирано со повеќе закони. Во Законот за заштита на населението од заразни болести предвидена е парична казна од над 4.000 евра. И Кривичниот законик има дел што го регулира кршењето на прописите и наредбите за сузбивање на заразни болести. Во него се предвидени од парична, па се` до затворска казна до три години.

Во моментот, на инфективна се проверуваат уште тројца сомнителни случаи. Еден од нив е физиотерапевт, вториот е неговата сопруга, а третиот е патник од Сингапур. Во меѓувреме, во изолација се ставени и осум здравствени работници кои биле во контакт со заразените сопружници од Дебар. Нивната здравствена состојба, како и состојбата на првиот заразен пацинет е стабилна.

Во фокусот на здравствените власти сега се и туристичките автобуси кои се враќаат во земјава. Од стопанската  комора се чекаат точни податоци за огранизирани патувања за 8 Март, преку кои агенции, и кога се очекува нивното враќање назад во Македонија. За да се спречи ширењето на корона-вирусот, во моменот се дезинфицијаат и сите патнички возови.

 

Весна Јовановска – Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ