
Неколку лекарки од Штип во домашна изолација
Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.
Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип на кожното одделение прават целосна дезинфекција. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека подетални информации и за преземените мерки ќе даде попладнево Министерот за здравство, Венко Филипче.