Драстично опаѓа нивото на водата во Преспанското езеро

Нивото на водата во Преспанското Езеро драмтично паѓа и деновиве водостојот се спушти за речиси 5 метри  под нулата   на водомерната летва во Стење . Ова    се одразува на целокупниот живот во Преспа, но и на живиот свет во Езерото. Како што се повлекува водата се зголемуваат  маките на  рибарите . Секое утро на риби заминуваат со трактори како да одат на нива. Со нив ги влечат чуновите во вода оти брегот е полн со кал , тиња и трска. Во мрежите риби речиси и да нема.

Многу трева вадиме многу школка, тиња, нема доволно вода. Има рба ама не можеме да ја ловиме, се загадуваат мрежите. Некогаш вадиме по нешто, вели Сали Бајрам, рибар од Асамати.

Не заврнало доволно сег, нема ни дожд, па затоа нема ни вода во езерото, вели Бурим Бекири од Грнчари.

По координативниот состанок помеѓу претставници од Министерството за животна средина, општина Ресен, невладиниот сектор и експерти, одлучено е да се формира работна група која ќе истражува колку освен климатските промени и долгите сушни периоди, влијае човекот, посебно преку земјоделските активности и наводнувањето на посевите. За тоа ќе се активира и прекугранична соработка со Албанија и Грција

Имаме огромен број на видови и живеалишта и Европската заедница е заинтересирана за нивна заштита. Намалувањето на висината на водата во Преспанското езеро може негативно да влијае врз нив, поради што нашата загриженост мора да ја претвориме во мерки и активности за подобрување на сосотјбата, вели Ајаман Ал Маала, раководител на Секторот за животна средина во Општина Ресен.

Со падот на водостојот се поместува и крајбрежната линија на Преспанското езеро, а водата некаде е повлечена и по 50 метри во должина. Доколку продолжи сушата, состојбата може да биде уште подрамтична, па оправдана е загриженоста и во турисичкиот сектор.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ