Директорката на дерматологија четвртиот пацинет со коронавирус

На Фејсбук  пријавила дека е на скијање во Италија, но не и пред здравствените власти. Директорката на дерматологија, наместо да се стави во изолација веднаш по враќањето од Доломити, се вратила на работа и слободно шетала меѓу пацинетите и колегите. Пет дена подоцна, тестовите покажале дека е позитивна на коронавирусот. Дерматологот Нина Цаца-Билјановска, е четвртиот заболен пацинет во државата. Целиот дермaтолошки оддел најверојатно ќе биде затворен, а докторите и пациеnтите испратени во домашна само-изолација.

Среќна околност, е тоа што докторката во изминатиот период, не прегледувала пациeнти во амбуланта, но, во саботата пред 100-тина колеги одржала стручно предавање за маланоми во познат скопски ресторан. Министерот Филипче смирува, вели, на епидемиолозите им се познати сите со кои директорката на дерматологија контактирала изминатиот период. Потенцираше дека и неговата колешка ќе одговара како и сите останати за нејзиното несовесно однесување и кршењето на здравствените препораки, но не откри за каква одговорност станува збор, ниту пак кажа, дали времено ќе ја суспендира од работното место.

Ризичното однесување на поединци во ек на зараза е регулирано со повеќе закони. Во Законот за заштита на населението од заразни болести предвидена е парична казна од над 4.000 евра. И Кривичниот законик има дел што го регулира кршењето на прописите и наредбите за сузбивање на заразни болести. Во него се предвидени од парична, па се до затворска казна до три години.

Во моментот, на инфективна се проверуваат уште тројца сомнителни случаи. Еден од нив е физиотерапевт, вториот е неговата сопруга, а третиот е патник од Сингапур. Во меѓувреме, во изолација се ставени и осум здравствени работници кои биле во контакт со заразените сопружници од Дебар. Нивната здравствена состојба, како и состојбата на првиот заразен пацинет е стабилна.

Во фокусот на здравствените власти сега се и туристичките автобуси кои се враќаат во земјава. Од стопанската  комора се чекаат точни податоци за огранизирани патувања за 8 Март, преку кои агенции, и кога се очекува нивното враќање назад во Македонија. За да се спречи ширењето на корона-вирусот, во моменот се дезинфицијаат и сите патнички возови.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ