Оставки од претседателот на Основен 2 и на судиите кои суделе во нивна штета побараа исклучените од парно

Стотина оштетени граѓани и членови на здружението Но пасаран, кои со години протестираа зашто плаќаа топлинска енергија, а беа исклучени од мрежите за напојување, по пресудата во нивна корист од Судот на човекови права во Стразбур, денеска протестираа пред зградата на Основен суд-Скопје 2, читајки ги на мегафон имињата на судиите кои носеле одлуки на нивна штета.Побараа оставка од претседателот на „Двојка“, но и средба со него, како и разрешување за сите судии кои, како што рекоа, носеле противзаконски одлуки, за што очекуваат одлука од Судскиот совет.

  • Бараме оставка од господинот Сулејмани, како претседател на Основен суд 2. Господа од Судскиот совет, не треба ние да ви носиме докази и да ви даваме преставки. Имате доволно материјал самите да си поднесете се за овие судии. Бараме нивно разрешување. Бараме и сите судии за кои што ќе дојдат пресудите од Стразбур, спротивни на нивните пресуди, да бидат веднаш разрешени и дисциплинирани, побара Маријан Ненов од „Но пасаран“.

Од членството на „Но пасаран“, предложија по стапувањето на сила на пресудата од Стразбур, која ќе се активира на 27 мај, а се однесува на сите 14.000 исклучени корисници од парно, граѓаните за кои се носени одлуките во корист на компаниите- дистрибутери на топлинска енергија, да поднесат колективна тужба против државата.

По правосилноста на пресудата, моја сугестија е, да поднесеме сите колективна тужба против Република Македонија, за противзаконско судење на судиите. Според член 70, став 1 од Законот за судови, на тој начин можеме само да ги избркаме овие од овде што носеле противзаконски одлуки, изјави Петар Баришиќ од „Но пасаран“.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ