Судската фела смета дека ветингот не може да се спроведе

Ветингот е наметна опција и не може да се спроведе во пракса. Судии, обвинители и граѓански организации предупредуваат на штетните последици кои ќе произлезат од евентуална примена на ветингот. На судството му е потребно прочистување од непрофесионалните кадри, а оценката за работата на судиите треба да ја дава Судскиот совет. Во спротивно постои опасност од мешање на извршната власт.

Ветингот може да доведе и до политички реваншизам.

Судската фела апелира на поголем и посериозен пристап на политичарите при најавите за ветинг затоа што само на тој начин може да се врати довербата во институциите. Политички влијателните судии треба да подлежат на ефективни професионални и етички правила а доколку  се обезбедени докази за кривична одговорност тогаш треба да одговараа за нивното несоодветно постапување.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ