
Во минатите 24 часа нема тестирани сомнителни случаи на коронавирус
Министерот за здравство, Венко Филипче, пред малку информираше дека изминатото деноноќие поминало без ниту еден тестиран сомнителен случај на коронавирус.
Единствената пациентка останува уште 24 часа на инфективна и е во добра здравствена состојба. Тој очекува денеска владата да донесе одлука за продолжување на мерките.