
Сведок во „Tитаник“ раскажа дека некој друг му го искористил идентитот и уплатил во банка 1.000 евра на партијата ВМРО-ДПМНЕ
Ѕвонко Митров од Кочани е име и презиме кое донирало 1.000 евра на партиајта ВМРО-ДПМНЕ, но и човек кој не знае дека тоа го направил. Заколнат дека ќе ја зборува вистината во судницата на прашањата на обвинителката Лиле Стефанова одговори дека никогаш не дал пари за тоа да го стори некој друг во негово име.
Името, презимето и матичниот број беа мои, цел на дознаката и сумата, кога ја видов уплатницата во истрагата во СЈО, беа со друг ракопис, одговори Митров.
Потоа на прашање на адвокат, Митров одговори дека на поштарот Марјан му давал донации во повеќе наврати за партијата, но никогаш на уплатница преку банка. На денешното судење за случајот „Титаник” сведочеа неколку сведоци кои тврдеа дека никогаш не донирале пари за ВМРО-ДПМНЕ, но сепак биле на официјалниот список за донации во 2011 година и тоа сите со идентични суми од 60.000 денари, уплатени од нивно име во банка. Ќе потврдат дека давале пари за партијата, но не уплаќале во банка.
Лично немам уплатено во банка на партиска сметка, туку во општински комитет, за што сум добил каса прими. Донациите сум ги давал како член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, рече сведокот Горан Крстевски од Куманово.
Сумите кои ги уплаќале како донации не биле повиоски од 2000-3000 денари, а чланираните уште помали. За уплатниците од 60.000 денари прв пат дознал во СЈО, кога биле повикани на исказ. Во Кочани парите ги предавале на лицетот Марјан, викан Поштарот, претставник на општинскиот комитет на партијата, а за возврат добивале каса-прими парагонче. Во вкрстено прашување се впушти и обвинетиот Илија Димовски на чије прашање сведокот потврди дека во една прилика донирал и над 350.000 денари.
Сведоците ги покани обвинителката од поранешното јавно обивнителство Лиле Стафанова за да докаже дека Стојанчо Арсов, третиот сведок на денешното судење „Титаник“, за изборни нерегуларности на Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, Билјана Бришкоска, Кирил Тодоровски, Леко Ристовски, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ и други членови на ВМРО-ДПМНЕ во 2011, 2013 и 2014 година, како и претходните два сведока, изјави дека до денес нема уплатено пари како донација на ниту една партија.
Павле Беловски