Филипче ќе бара од Владата препораката да продолжи до 13 март, странските државјани негативни на коронавирус

Зголемувањето на брокјата на заболени од коронавирус во Европа и новите регистрирани случаи во регионот, во Словенија и Босна и Херцеговина, се дел од причините поради кои министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе побара од Владата да ја продолжи препораката за откажување на сите јавни собири, културни манифестации и спортски натпревари. Препораката би била на сила до 13 март а Владата треба да одлучи на утрешната седница.

Од министерството за здравство соопштија дека резултатите од тестовите на двајцата странски државјани се негативни на присуство на коронавирус. Од хотелската соба во центарот на Скопје, тие ќе бидат префрлени на инфективната клиника за да се лекуваат но не во изолација. Оттаму додаваат дека последните резултати кај скопјанката која е во изолација на клиниката се негативни што покажува дека нејзината инфективност опаќа. Истиот тест ќе биде повторен по 48 часа.

Владата и мобилните оператори денеска имале состанок на кој е договорено на сите странски државјни кои ќе пристигнат во Македонија,автоматски да им се испраќа СМС порака со инструкции што треба да направат доколку имаат симпотми на коронавирус.

Италијанските власти ги затворија училиштата и универзитетите до 15 март каде што работтат и студираат македонски државјани. Министерот Филипче соопшти дека е во постајана комуникација со македонскиот конзул во Италија и се разгледува можноста доколку има интерес од македонските граѓани да се вратат назад тоа да биде во група за да има подобар увид и контрола  при влезот во државата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ