Автобусот на „Дурмо Турс“ ќе излетал и ако оградата била поцврста, сведочеше градежен вештак

Автобусот на Дурмо Турс удрил со јачина околу 10 пати поголема од онаа што може да ја одбие оградата поставена на автопатот Скопје Тетово. Ова денеска го посведочи вештак од градежништвото кој претходно сведочеше дека сепак има пропусти во поставувањето на заштитата на тој дел од патот. Имало утврдени неправилности и дека не е соодветно одржуван. Одбојниците пак би биле многу поцврсти доколку се поставени на бетон, наместо на земја и заштрафени со повеќе штрафови. Сепак на прашање на обвинителот потврди дека сообраќајката секако би се случила под други околности. Адвоктите на одбраната побараа да се потпише на денешниот исказ бидејќи според нив вештачењето не соодветствувало со исказот.

Инаку во тешката сообраќајна несреќа што се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 луѓе, а 37 беа повредени. Обвинети се сопственикот на фирмата, возачот на автобустот и уште четворица кои вршеле технички преглед.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ