
ВМРО ДПМНЕ не се согласува со извештајот на ЕК
Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство. Препораката на Европската комисија за отпочнување преговори, според ВМРО ДПМНЕ е најважниот дел од последниот Извештај, а истовремено и единствениот дел со кој оваа партија се согласува. За лидерот Мицкоски, неприфатливи се оценките за почнати реформи во судството, разузнавачкиот сектор и јавната администрација.
Мицкоски ги обвини Заев и Димитров дека злоупотребуваат инфраструктура и буџет за приватизирање на интегративниот процес и за ширење лажни вести против опозицијата. Најави успех, макар и со новата реверзибилна методологија, доколку ВМРО ДПМНЕ формира Влада во април, но и очекување дека со Заев, тоа би било приказна без крај.
Пред два дена, Европската комисија даде позитивни оценки и побара зелено светло за отпочнување преговори.
-Во случајот на Северна Македонија Извештајот исто така посочува на значајни чекори преземени за јакнење на независнста на судството и покажува подобрување на учинокот во борба против корупцијата и организираниот криминал., иато како и прогрес во реформите на разузнавачките служби истѕо и во јавната администррација- Ана Писонеро, Портпарол на ЕК за проширување.
Комисијата го нотираше и донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, чија цел, меѓу другото е обезбедување одржливо решение за случаите на СЈО. Овој извештај еима значајна улога дали европските лидери на 26-ти март ќе донесат одлука Македонија и Албанија да го почнат процесот на преговори за членство.
Соња Николовска