Штипските ученици од вчера без бесплатен јавен превоз

Над 1.000 средношколци од општините кои гравитираат околу Штип, но и од штипските села и населби, кои се одалечени од средните училишта над два и пол километри останаа без бесплатниот превоз од нивните домови до училиштата. Протестирајќи на градскиот плоштад и пред општината го искажаа својот револт, бидејќи согласно законските измени мора да се превезуваат во редовните автобуски линии меѓу градовите, а крајната точка им е автобуската станица.

Учениците и транспортерите сведочат дека на овој начин се доцни на првите часови, соочени се со неоправдани отсуства, а навечер некои од нив се враќаат и во 22 часот во своите домови. Превозниците кои над 10 години ги превезуваа средношколците вината не ја гледаат во локалната власт, бараат средба со министерот за транспорт и врски, бидејќи законските измени за ученичкиот превоз се донесени нетраспарентно во септември 2018 година.

Од општината со став дека тие сакале да им излезат во пресрет на средношколците, го распишале тендерот, но е поништен.

Учениците велат дека овие измени во бесплатниот превоз доаѓаат на три месеци пред крајот на учебната година, кога не можат да се префрлат во друго училиште во матичната општина, а нивните родители се принудени на дополнителни трошоци. Најавија дека доколку не се најде решение ќе ја бојкотираат наставата.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ