Завршен голем дел од експропријацијата на имотите во Ќерамидница

Повеќе од стотина објекти во Ќерамидница ќе бидат урнати во следните месеци за да се изгради патот со кој населбата ќе се поврзе со Аеродром. Градоначалникот на Скопје смета дека осумстотини евра по квадрат станбен простор е доволно атрактивна сума за експропријација, а исплатата на тамошните жители. Денес мајсторите и нивните машини веќе се на терен за да почнат да го градат мостот кој е дел од трасата.

Проектот за поврзување на општините Аеродром и Гази Баба беше најавен во 2018 година. Предвиден е уште во Генералниот урбанистички план од пред повеќе од педесет години, но досега не беше изготвена планската документација. Освен станбени бјекти од другата страна на Вардар, ќе мора да биде урнат и Паркот на езерата во Аеродром. Шилегов размислува да поднесе кривична пријава, за обвинителите да откријат зошто претходниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, изградил парк каде што е вцртана сообраќајница.

Изградбата на мостот започна денес, а оваа втора фаза од поврзувањето на двете населби е проект кој што ќе чини околу шест милиони евра. Целиот проект планирано е да заврши за година и половина.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ