Сведочење на „Скајп“ ги разоткри Ејуп Елими и Исмет Гури во „Титаник 3“

Обвинителката Фатиме Фетаи прашуваше, а сведокот Рамезие Бислимова одговараше од Германија преку видео разговор на Скајп. За Фетаи ова е клучниот сведок во предметот на пораншеното СЈО за изборни злоупотреби „Титаник“, која што потврди дека во нејзината просторија на денот на зиборите во 2013-та влегле сега обвинетите Ејуп Елими, пратеник од редови на ДУИ и партискиот функциоенр на ДУИ Исмет Гури.

Тие неколку пати влегоа и излегоа. Секогаш беа заедно. Прашаа „дали овде може да се направат далавери? – Ние двете им кажавме дека далавери нема да правиме ни за нашите родители, сведочеше Бислимова.

Преведувачката грешеше, а Фетаи инсистираше на точен превод од албански јазик во разкажувањето на Бислимова, што сториле двајцата партиски функционери по затворањето на гласачкото место.

Откако им го кажавме тоа, по некое време Ејуп Алими зема дел од записниците и ги сокри во градите. Не се сеќавам во што беше облечен, рече Бислимова.

Одбраната не стравува од клучниот сведок на Фетаи бидејќи тие на судот му доставиле графолошко вештечање како доказ дека Елими не допишувал бројки со свој ракопис во записникот.

А, Фетаи, пак е уверена дека приложила доволно докази и сведоци за Елими и Гури да бидат осудени за уништување на изборен материјал.

По денешното рочиште за „Титаник 3“ и сведочењето на Ремзие Бислимова ќе следуваат завршни зборови и пресуда.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ