
По предупредувањата од Енергетската зедница, РЕК ќе произведува струја од јаглен и во следните 25 години
Македонија не се откажува од производство на електрична енергија од јаглен и покрај тоа што беше една од шесте земји кои доби предупредување од Европската енергетска заедница даја намали употребата на овој енергенс. Плановите се и после 25 година РЕК Битола да произведува струја од јаглен. За сега има залиха за непречена работа на РЕК за 10 до 14 години.
Се работи на проектот за површинска експлоатација на наоѓалиштето Живојно, проект за јамска експлоатација веќе имаме и на тој начин а тоа ќесе реализира исто така следните 4 до 5 години се надеваме со голема поддршка на владата на РСМ на тој начин животниот век на РЕК Битола би се продолжил во следните 25, а можеби и повеќе години, вели Златко Ќурчиевски, директор на РЕК Битола.
Од ЕСМ тврдат дека внимаваат цената на струјата за граѓаните кои ги снабдува универзалниот снабдувач и во новата пресметка да остане стабилна.
Некаде околу мај месец тие ќе објават нов повик на кој треба да се појавиме. Нормално дека тие се универзален снабдувач и немаат обврска 100% да ја набавуваат енергијата од нас. Некаде 75 % е сега посел јуни месец. Во најголем дел тоа значи дека ние како компанија за да ја задржиме ниската цена на струјата сериозно внимаваме на трошоците. Ги намалуваме трошоците, а за сметка на тоа гледаме да го зголемиме производството, вели Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.
Тврдат дека тие не го нарушуваат еколошкиот минимум на вода во езерата, туку проблемот со Преспанското езеро и намалената вода во акумулациите е климатски, поради ниското ниво на врнежи изминатите години.
Инаку РЕК Битола набави 6 екоавтобуси за превоз на своите вработени за сума од 1,7 милиони евра или по 282.000 за автобус. Велат се грижат и за животната средина па автобусите ќе можат да ги користат и граѓаните на Битола. Загадувањето пак од оџаците на РЕК кое учествувало со 15 до 20 проценти во вкупното загадување, планираат да го намалат до крајот 2025 година, а за спроведување на оперативниот план се потребни 300 милиони евра.
Александра Филиповска