
Бојан Јовановски добивал скапа гаредроба, очила и уметнички дела на подарок
Модните дизајнери не сакаат досадни модели, па за тоа го бараа Боја Јовановски за да му подаруваат најнови парчиња облека. Ова во своето сведочење го истакна пријателот на Боки 13, стилистот Сергеј Варошлија. Тој уште рече дека често се дружеле во домот на бабата на Боки 13, Евгенија која по смртта за да го обезбеди му оставила наследство. На ова реагираше обвинителката Вилма Русковска Која го праша Сергеј дали можеби знае дека таа се дружела со мајката и бабата на Бојан и им одела на гости.
Но освен скапа гардероба, Јовановски добивал на подарок и наочари, сведочеше сопственичкаа на оптика во Сити мол, Марија Јанковска која е и јатврда на министерката Радмила Шекеринска но од снимките се гледаше дека била присутна и на основачкото собрание на невладината Меѓународни сојуз. Со Бојан се знаеле уште кога тој ја организирал манифестацијата 13 ка за најуспешните и често оделе на патувања.
Беше актуелен, а познатите брендови сакаат да подаруваат очила на познати инфлуенсери. И двајцата имавме интерес, ако немав немаше ниту да му ги давам. Работам како и секој приватник, а тој ни беше еден вид заштитно лице, сведочеше Јанковска.
Запленетите уметнички дела пак од станот на Бојан, не се негови туку на галеријата Грал, сведочеше сопственикот Александар Кртов.
Пет дела на Ѓурчиновски, две на Мартиновски и едно на Коџоман ги дадов на реверс на Бојана Јовановски за да го красат неговиот дом. Имаше многу луѓе кои одеа кај него на гости, а и планирав да направиме аукција во галеријата, но делата да ги промовираме преку неговата телевизија, сведочеше Куртов.
Инаку при претресот на домот на Јовановски беа пронајдени повеќе од илјада парчиња брендирана гардероба, очила но и уметнички слики од познати македонски автори. Тој е обвинет за рекет и перење пари.
Билјана Николовска