Адеми на ФБ: Заврши преименувањето на училишта „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“

Mинистерот за образование, Арбер Адеми, на својот Фејсбук профил објави документи од Централен регистар и од извадоци од Службен весник со кои се официјализираат промените на имињата на две основни училишта во скопската населба Чаир.

„Откако ги потпишав неопходните акти, конечно заврши прашањето за именувањето на училиштата во Чаир. „Никола Вапцаров“ сега официјално ќе се вика „Имри Елези“. Исто така, „Рајко Жинзифов“ сега официјално ќе се вика „Исмаил Кемали“, напиша на ФБ, Адеми.

Да потсетиме дека уште во 2012 година Советот на Општина Чаир гласаше за промена на имињата на овие две училишта каде беа поставени и нови табли, но во документите до сега стоеја старите називи.

Граѓанската иницијатива “Излези Гласај” смета дека промената на имињата на две училишта во Чаир  – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“ во пресрет на изборите преставува одлука во насока на остварување изборни цели спротивно на одредбите на Изборниот законик и нарушување на изборниот амбиент. Воедно таквата одлука на Министерот за образование Арбер Адеми носи и опасност и од меѓуетнички тензии кои не се во насока на слободни и фер избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ