ФРОНТЕКС очекува влошување на ситуацијата со мигрантите

Загина дете во превртен чамец во близина на Лезбос, прва жртва на најновата бегалска криза на грчко – турската граница. Како што соопштуваат од грчката крајбрежна служба, чамецот следен од турската крајбрежна стража, го превртеле самите мигранти, за да се спроведе спасувачка акција, нешто што е честа тактика по препорака на криумчарите. Во акцијата се спасени 46 лица, а две деца пренесени во болница. Едното, и покрај обидите на лекарите да го вратат во живот, починало. Другото дете е хоспитализирано и е вон животна опасност.

Гасни бомби, бодликава жица, вооружена гранична полиција и мигранти на ничија земја, ова е денешната слика на грчко – турската граница, која на секој начин се обидува да го запре незадржливиот бран бегалци на патот кон Европа, откако Труција ја отвори својата граница со цел да напшрави притисок врз ЕУ да и помогне во решавањето на војната во соседна Сирија.

  • Сите 2.000 луѓе, деца, мајки, Сиријци, мону Сиријци, многу луѓе. Ни велат дека за 72 часа мора да тргнеме. Тој претседателот Ердоган рече дека портите се отворени 72 часа. Тоа значи три дена, петок, сабота и недела луѓето заминуваа, многу, многу. Еве мене ми дојдоја, ме односоа до водата и ми рекоа да одам по тој пат. Ми ги зедоа парите, моите работи, и потоа ми рекоа дека треба да одам преку водата, рече Терос Нгонда, мигрант од Камерун.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека сега и ЕУ ќе носи дел од товарот. Тој изрази надеж дека в четврток на состанокот со Путин ќе биде договорено примирје во сирискиот регион Идлиб.

Обединетите нации го потврдија правото на Грција за примена на сила долж својата граница но, ги повикаа Турција и Грција да го меѓународното човеково право и правата на бегалците.

Грчкиот премиер Мицотакис на доцна синоќа на Твитер соопшти дека Советот за национална безбедност донесе одлука да се зголеми нивото на безбедност до максимум на границата и дека нема да примаат нови барања за азил следниот месец.

Мицотакис, заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, утре ќе ја посетат грчко –турската граница кај Еврос.

„Ќе биде тешко да се запре масовниот прилив на луѓе кои тргнале на пат“, пишува во извештајот на Фронтекс.

Во текот на вчерашниот ден, од шест часот наутро до 18 часот попладне, според грчки владини извори, на грчко – турската граница кај Еврос, биле регистрирани околу 5.500 спречувања на влез во Грција на нелегални мигранти, а 60 лица биле уапсени.

Тековниот притисок врз надворешната граница на ЕУ е значително поопасен отколку во 2015 година, предупредува германски експерт.

Никој не знае колку луѓе ја напуштиле Турција и се упатиле кон грчката граница се заразени со новиот коронавирус и никој не е во состојба да ја процени состојбата во центрите за бегалци.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ