
ЕК повторно со препорака за старт на преговори со Македонија
Значаен напредок во реформите констатира Европската комисија во вонредниот извештај за Македонија и бара зелено светло од Европскиот совет за пшреговори. Позитвно е оценета и Албанија поради што Комисијата се надева на старт на преговори со двете земји до самитот во Загреб.
„Во случајот на Северна Македонија Извештајот исто така посочува на значајни чекори преземени за јакнење на независноста на судството и покажува подобрување на учинокот во борба против корупцијата и организираниот криминал., иато како и прогрес во реформите на разузнавачките служби исто и во јавната администррација. Се на се, се држиме до нашта препорака за отворање на пристапни преговори со двете земји најбрзо што е можно и се надеваме дека Европскиот совет ќе даде зелено светло, паралено со согласноста за ревидираната методологија која презентиравме пред неколку недели“, изјави Ана Писонеро.
Вонредниот Извештај на земјава од кој зависи дали на 26 март лидерите на ЕУ, пред се Франција, ќе дадат зелено светло за преговорите, следи три област и во сите нотира напредок. Вицепремиерот а европски прашања смета дека по по првиот услов ревидирањата методологијата за преговори, се исполнува и вториот услов за старт на преговоите оваа пролет.
„Ова е вториот услов кога се исклучуваат било какви дилеми кон нашата држава како кандидат за започнување на преговори оваа година. со тоа сметам дека сите предуслови се исполнети на 26 март 2020 година да се донесе одлука за започување на преговори“, Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
Османи можноста противењето на некои земји Албанија да ги почне преговорите, а истовремено инсистирање двете змеји да одат во пакет, да го загрози старт на преговорите со Макеоднија, вели дека хрватското претседателсто активно работи на тоа да се реши до Европскиот совет.
„Впечатокот е дека нема да се оди на самиот самит во март без да се разреши ова прашање и оваа дилема – како ќе се однесува ЕУ кон двете држави и дали како пакет или поединечно“, е ставот на Османи.
Во судските реформи Комисијата оценува дека се направени значајни законски промени со кои се јакне независноста на судството. Констатирана е и зголемена транспарентнота во изборот оценувањето на судиите и Судскиот совет, и негова се проактивна улога во судскиот систем. Комисијата го нортира и носењето на Законот за Јавно обвинителство чија цел, меѓу другото како што се наведува е и да обезбеди одржливо решение за случаите на СЈО и да воспостави одговорност за кривичните дела што произлегуваат од нелегалното прислушување.
Земјата истовремено продолжила со проактивни истраги, обвиненија и пресуди во коруптивните случаи, вклучитено и на високо ниво, а зајакната е и законската рамка за спречување корупција. Препорака на Комисијата е ваквите напори треба да продолжат со ист интензитет и транспарнтно, без оглед на позициите или политичката поврзаност на осомничените.
Извештајот го нотира и случајот „Рекет“ и апсењето на поранешната специјална обвинителка и истекот на мандатот на обвинителите во СЈО, поради што дошло до одложување случаите, со што некои дела застареле или судењата треба да почнат од почеток.
Направен е добар напредок и во другите две области – реформите во разузнавачкиот сектор – следејќи ги препораките од Прибе, но и во делот на јавната администрација, со зголемување на транспарентноста на јавните институции. Во делот админситрацијата се нотира оти е важно подобрување на професионалноста и одговорност на администрацијата.
Тамара Грнчароска