Мислењето на врховните судии за законите за судот, да биде задолжително за пратениците

Врховен суд секогаш давал мислења за законите поврзани со неговата работа, ама Собранието не ги почитувало. Ова е причината поради која вд претседателот на судот Фаик Арслани денеска промовираше идеја со која, мислењето на врховните судии би било задолжително. Убедува дека ова не би било мешање на судската во извршната власт.

Предлогот доаѓа во исто време кога Европаската комисија во својот мини извештај за напредокот на земјава нотира дека се разрешени тројца судии од Врховен суд меѓу кои и поранешниот претседател Јово Ванѓеловски. Но, процедурата за неговото разрешување се уште е во матичниот суд, оти тој има право на жалба токму во судот каде што ја извршувал функцијата. И покрај тоа што помина повеќе од половина година од одлуката за разрешување на судскиот совет, врховен никако да одлучи по жалбата на Ванѓеловски.

Пред месец и половина во врховен конечно се формираше жалбениот совет, откако голем дел од судиите колеги на Ванѓеловски се иззмаа од различни причини. И покрај тоа што за во средината на февруари беше закажана седница, Врховниот суд не можеше да го најде Вангеловски за да му ја достави поканата. Сега ве де претседателот убедува дека процедурата не трае предолго и набрзо ќе заврши. Екс претседателот и суфијката Стојковска беа разрешени за тоа што гласаа за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство.

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ