
Филипче: Нема нови случаи на заразени со корна вирус во земјава
Нема нови случаи на заразени со корона вирусот во земјава, изјави министерот за здравство Венко Филипче на попладневниот брифинг.Се тестираат двајца доктори кои биле на семинар во Барселона.
Заразената е во добра здравствена состојаба, рече Филипче, додаде дека таа веќе трет ден нема покачена температура што значи дека во тек е периодто на нејзин опоравок. При крај е и тендерот за набавка на нови количини средства за дезинфекција, соопшти министерот. Утре треба да се потпише и веднаш ќе се дистрибуираат низ училиштата, болниците, царината и граничните премини. Засега нема откриено аптеки кои ги зголемиле цените на средствата за дезинфекција, маските и ракавиците, но инспекцијата се уште трае.
Ако ситуацијата остане како и денешната, нема да бараат да се продолжи мерката за откажување на јавните собири.