КОД: Меморијалниот центар на холокаустото и земјиштето на „Треска“

Овој документ со потпис на директорот на Фондот на Холокаустот Горан Садикарио од 16 април 2019-та покажува дека дава овластување на адвокатското друштво „Поленак“, во нивно име и за нивна сметка, да изврши увид и преглед на документацијата која ќе биде презентирана од страна на стечајниот управник на стечајниот должник Треска Мебел АД Скопје, во врска со продажба на недвижен имот даден на оглас на електронско надавање закажано за на 19 ти Април.

Со тоа ги овластиле наведените адвокати да учествуваат во име на Фондот на Холокаустот да ги превземат сите потребни дејства во врска со електронското наддавање. Во документот не е наведена сумата колку Фондот ќе им плати на адвокатите за тоа.

Но кога го прашавме управниот одбор кои им биле мотивите да прават зделка и да се зафатат со градежни работи на вака атрактивен плац, одговорот на преставникот на Владата во Управниот одбор Алберт Муслиу, кој и самиот е во градежниот бизнис, беше дека градбите би биле од хумани причини.

Фондот на холокаустот не купил плацеви бидејќи земјиштето во најголем дел е вратено на сопствениците со денационализација, па се откажале од идејата таму да градат згради за млади брачни парови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ