Битола град со пасивен студентски активизам

Студентите од Битолскиот универзитет се меѓу најпасивните, не се заинтересирани за решавање на нивните проблеми, малку се вклучени во студентскиот активизам, а поголемиот дел не преземаат никакви активности. Вака своите колеги ги опишуваат од Универзитетското студентско собрание, формирано на почетокот на годинава. Велат дека преку голем број алатки ќе им овозможат на студентите да се слушне нивниот глас, за заедники да пристапат кон решавање на секојдневните проблеми.

Стдентскиот активизам е во една клиничка смрт. Мислам дека треба да се разбудиме, затоа што сигурна сум ниту еден студент не е запишан на сила на факултет, вели Дона Петрова, претседател на Универзитетко студентско собрание на УКЛО.

Од новоформираното студентско тело   ги повикаа студентите да се охрабрат и активно да се вклучат во работата.

Се додека не кажете дека ви треба нешто никој нема да знае. Смеам дека треба да го прифатиме проблемот за да можеме да го решиме. Студентите се незаитересиранеи, а ние сакаме да го подгивнеме интересот, рече Димитар Врглевски, член на Универзитетското студентско собрание.

Дел од проблемите студентите ги посочија на првата панел дискусија организарана од Универзитетското студентско собрание

Добро би било да имаме и некоја лабораторија во која што ќе можеме подобро да изучиме некои од пракичните делови на нашта струка, рече Анета Трајковска, Факултет за информатички и комуникациски технологи-Битола ФИКТ.

Немам допир со некој менаџер кој што би ми покaжал практично некои работи, учам само по книга, рече Михајло Најдевски, Факултет за туризам и угостителство -Охрид.

На Битолкиот универзитет има околу 6000 студенти на 11 факултети. Иако на првата  дебата немаше голем интерес, од Универзитетското студентско собрание се надеваат дека студентите  ќе бидат присутни во поголем број  на  некоја од следните панел дискусии.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ