Нема нови сомнителни случаи на коронавирус во Македонија

Нема нов сомнителен случај на заразен со коронавирус во Македонија. Здравствените влати утрово информираа дека во изминатите 24 часа не се тестирани нови пациенти и нема нов заболен.

Единствената пациентка позитивна на вирусот „Ковид-19“ е во добра здравствена состојба. Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, се наведува во соопштенето од министерството за здравсто.

Од таму информираат дека останатите патници од комбето со кое заразената со „ковид-19“ и лицата со кои тие биле во контакт остануваат во домашна изолација.

Нема простор за паника, апелираме до граѓаните да ги применуваат мерките за хигиена, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување, стои во соопштението до министерството за здравство.

Вака пак, со музички спот регионална болница во Еквадор се обидува да ја зголеми свеста кај луѓето одржување на личната хигиена која може да ги заштити од зарази, додека земјата го прогласи првио случај на заразен со корона вирус.

И додека се подига свеста за личната хигиена како превентивна мерка од коронавирусто, Светската здравствена организација го подигна нивото на закана од овој вирус на многу високо ниво. СЗО ја запали црвената сијаличка откако коронавирусто се прошири во 59 држави, што споредено со вчера, се дополнителни шест држави кои го пријавиле својот прв случај со коронавирус, меѓу кои и Ирска, Ерменија. Во светски рамки вкупно се заразени повеќе од 87.600 луѓе и 2.994 смртни случаи.

Во Кина епицентарот на заразата денеска се пријавени над речиси 600 нови случаи. Јужан Кореја денеска пријави над 200 нови заразени, каде вкупната бројка е повеќе 3.700 и 18 смртни случаи. Властите во Сеул ги забранија богослужбите во црквите, откако беше откриено дека припадници на една религиозна група се заразиле меѓусебно пред да се рашират низ целата земја. Според јужнокорејските власти речиси 9.000 слебеници на оваа секта покажуваат симптоми на коронавирусот и им се вршат тестови.

Иран пријави речиси 1.000 заразени од кои речиси 400 за 24-часа. Бројот на смртни случаи во Иран се искачи на 54. Соседните држави на Иран почнаа да ги затвораат границите кон неа со цел да се спречи ширењето на заразата на нивна територија.

Во Европа најголемо жариште на коронавирусто продолжува да биде Италија каде до утрово се пријавени 1.128 случаи на зарзени и 29 смртни случаи од коронавирус. Франција регистрираше 100 случаи, а тамошните власти освен забранија јавни собири со над 5.000 луѓе во затворнеи простори, препорача и да се избегнува бакнување во образ при поздравување. Во Германија има 57 случаи, во Шпанија 45, Шведска 13, Австрија 10.

Се зголемува и бројот на зарзени и во земјите од регионот. Грчките здравствени власти синоќа потврдија три нови случаи на заразеи со вирусот, еден во Солун и два во Атина, со што вкупната бројка на зарзени во Грција е седум. Толку има и во Хрватска, каде денеска е потврден нов случај на заразен кој бил во контакт со веќе потврден случај во Ријека.

Во САД каде првиот смртен случај од вирусот беше пријавен вчера, а каде има над 60 заразени, од кои за три случаи не може да се открие како се заразиле, беше издадена препорака да не се патува во северна Италија. Веднаш по објавувањето на препораката авиокомпанијата „Американ Ерлајнс“ ги суспендираше своите летови кон Милано до 24 април. И Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави дека во следните неколку недели за една четвртина ќе ги намали своите летови на кратки и средни дестинации заради ширењето на коронавирусот.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ