
Македонија под сериозна закана од мигрантска криза, алармираат експертите
Нов миграциски бран на повидок и отворање на балканската рута од која дел е и Македонија, алармираат експертите. Додека унијата се натега со властите во Турција, Македонија и да сака нема да може сама да се справи со стотиците илјади бегалци, тврди универзитетскиот професор Трпе Стојановски, според кого прашање на време е кога бранот луѓе од Труција – Грција ќе се преле во земјава.
Бегалскиот бран започна слично и во 2015-та кога оние бегалци кои имаат повеќе пари плаќаа бродски илегален траснпсорт, а посиромашните ја избираа балканската рута за да стасаат до Унгарија и Австрија. Македонската железницата ги превезуваше, а полицијата апсеше кримучари со мигранти кои што заработуваа илјадници евра од шверцот со луѓе. Прашање на кое се уште нема никој одговор е што доколку тие бидат задржани во земјите од Западен Балкан.
Црвенета сијалчика светнала и во владата, а вицепрмеирот Бујар Османи соопшти дека ги информирал надлежните институции на Европската унија. Но, се уште нема официјален одговор како унијата ќе одговори на најавите од нова мигрантска криза.
Додека грчката полиција и војска го одбиваат бранот, македонската лови шверцери кои секојдневно превезуаат бегалци од јужната, до северната граница. Очекуваат одново да се збратимат со грчката, бугарската и унгарската полиција.
1.000 легла во бегласкиот камп во Табнавоци и нешо повеќе во „Вунојуг“ во Гевгелија на југот. Ова се капацитетите за сместување доколку ни се повтори 2015-та година, кога стотици илјади мигранти легално или илегално ја минуваа Македонија. Десетици загинаа на пругите, а илајдници завршија во синџирот на трговија со луѓе во липковскиот регион. Иако имаше најави дека Европскта унија ќе ја ублажи финансиската штета од бегалската криза, 200.000 евра доби само Црвениот крст, и тоа за помош на 4.000 бегалци.
Павле Беловски