
Антикорупциска тргнува во потрага по пропусти во работата на судиите и проверка на нивната имотна состојба
ЦД од републичкиот Судски совет е првиот материјал кој членовите на антикорупциска го добиле откако најавија проверка на судиите и нивната имотна состојба. Поплаките, жалбите, одложените рочишта ќе бидат во фокусот на антикупционерите. Од него ќе се црпат информации за работењето на секој судија, а деталите треба да откријат дали имале пропусти во работењето.
Но, каде заглави предметот на ДКСК за проверката на имотот на петте судии кои Стејт департменот во извештај ги посочи дека дозволиле политиката директно да се вмеша во судството, се уште нема епилог. Антикорпуционерите се обврзаа и дека ќе ја проверат одлуката за поништувањето на решението на техничкиот министер Наќе Чулев за назначување нов полициски началник во Тетово.
Спорно за комисијата биле и експресното назначување на Башким Хасани за в.д. заменик-директор на Управата за финансиска полиција на местото на Берат Дехари. И порачаа на владата да ја преиспита одлуката и да ја спроведе процедруата како што е пропишано, откакао дошле до заклучок дека огласот за врбаотување не бил испратен во дневни весници од кој еден на јазикот што го заборуваат најмалку 20 отсто граќани.
На самиот почеток на денешната редовна седница ги потсетија вработените во јавниот сектор дека не смеаат да кроистат возила за партиски задачи, а на функционерите да не заборават да ги објавуваат транспарентно извештаите за трошењето на јавните средства.
Павле Беловски