Кандидатските листи на двете најголеми партии се уште не се готови

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе биде носител во 4 изборна единица. На претстојните парламентарни избори во април вели дека останува во четворката затоа што таму му е домот. За другите носители но и кандидати за пратеници се преговара.

Претседателот на социјалдемократите  тврди дека се подготвени за коалицирање со сите политички партии освен со ВМРО-ДПМНЕ, со кои имаат дијаметрално спротивставени ставови.

Кандидатските листи за парламентарните избори не се готови ниту  во ВМРО-ДПМНЕ. Но, лидерот Мицковски знае каков треба да биде профилот на идните пратеници.

Според најавите, работните групи на Беса и Сдсм треба да почнат со пишување на заедничката предизборна програма.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ