
Исправена неправдата за исклучените од парно греење
Повреда на правото на сопственост, неправеден закон од кој произлегол правилник за работата на снабдувачите со топлинска енергија и судски пресуди во корист на компаниите се само дел од пропустите во пресудата во корист на осумтемината македонски граѓани кои правдата ја бараа во Стразбур.
Оценката на правниците е дека пресудата е заради системски грешки и една од петте вакви пресуди кои се однесуваат на Македонија.
Законот е променет, но штетата е направена, а 12 илјади граѓани плаќале месечни надоместоци на компаниите за затоплување иако од парно греење имало само тенки цевки остатоци од инсталциите кои минувале во нивните домови.
Доколку странките не ја обжалат за три месеци граѓаните ќе можат одново да ги вратат предметите и да бараат штета.
На граѓаните им било нарушено загарантираното право за мирно уживање на сопственоста, на што всушност и упатува Европската конвенција за човековите права ,а судовите во одлуките ја игнорирале и носеле спротивни пресуди. Правниците ја оценија како историска пресуда, а случајот на осумтемината ќе се однесува и на останатите 120 тужби од граѓани кои чекаат разрешница во Стразбур.
Сега изменетото законско решение и правилникот кој прозилегува од него нуди можност граѓаните кои живеат во становите а се исклучиле од мрежата за затоплување нема да плаќаат надоместок, но доколку не престојуваат во становите ќе мораат да ја плаќаат снижената сметка за топлинска енергија.
Павле Беловски