
Се чекаат резултатите за уште тројца сомнителни за корона вирус
Во моментов се тестираат уште три лица за КОВИД 19. Еден струмичанец кој пристигнал во земјава на 22-ри месецов, бил здрав , но сега имал темепература и двајца Бугари кои работат во Битола, а патувале во северна Италија.
Пациентката која е со позитивен тест на корона вирусот е во добра состојба, информираше министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека почнува периодот на нејзино опоравување. Луѓето со кои контактирала сиректно се уште се во домачна изолација, ги слушаат препораките, и засега не појавуваат симптоми на болеста.
Филипче, на денешната владина седница ќе предложи да се откажат сите јавни собири, како и спортски настани, најмалку една недела, со цел да се спречи евентуалното ширење на корона вирусот.
- Се што преземаме како мерка е да се подготви здравствениот систем за третман на пациенти и да се спреччи ширењето на болеста, рече министерот.