НАТО на вонредни консултации по барање на Турција поради ситуацијата во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг свика вонреден состанок денеска со амбасадорите на државите на Алијансата.

Амбасадорите ќе разговараат за ситуацијата во Сирија на барање на Турција. Се прецизира дека барањето е по Член 4 од Вашингтонскиот договор, според кој секоја земја од Алијансата може да побара консултации со своите сојузници доколку идентификува закана за нејзината безбедност, територијален интегритет или политичка независност.

Столтенберг синоќа ги осуди воздушните напади на Сирија и Русија во сириската провинција Идлиб. Најмалку 33 турски војници беа убиени вчера во Идлиб од воздушни напади, за кои Турција смета дека се дело на сириската армија. Анкара се одмазди со напади против позиции на армијата на сирискиот претседател Башар ал Асад. САД повикаа да се стави крај на офанзивата на Идлиб и изразија поддршка за Турција.

Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН, Гутереш предупреди дека аако ништо не се направи, ризикот од ескалација „ќе се зголеми од час по час“ во североисточна Сирија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ