
Клуге: Нема место за паника
Подготвеноста на властите во справувањето со корона вирусот е одлична. Им честитам на властите, бидејќи Северна Македонија направи проценка на капацитетите дали има доволно човечки ресурси и инфраструктура, дури и пред да се појави првиот случај на болеста, вели регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, кој е во посета на земјава.