Скопје го погоди силно невреме – штетите од ветарот се уште се санираат

Паднати дрвја, разурнати фасади, откорнати  заштитни огради, покриви и бандери. Ваква е сликата на дел од улиците во Скопје по вчерашното невреме.

Вчера на бројот на Центарот за управување со кризи најмногу пријави  за штети имало од граѓани од Општина Центар, Кисела Вода и Карпош.

Екипите на Град Скопје од синоќа ги расчистуваат улиците и ги санираат штетите.

Првиот човек на Град Скопје претпладнево изјави дека најмногу штета од силното невреме има на булеварот Партизански одреди.

Од силниот ветар разурнат е и покривот на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ во Аеродром. Пожарникарски екипи се на терен и ја санираат штетата. И покриовот на гимназијата Корчагин настрада од невремето. Директорот на училиштето, Драган Арсовски, накусо ни кажа дека станува збор за мала штета, таблите кои вчера  ги бутнал ветрот се исчистени од дворот  уште синоќа.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ